Една дождлива априлска вечер во Бруклин бев на вечера со мојот пријател Мет и го забележав неговиот целосно бел биокерамички часовник „своч x oмега мишн ту ертфејз“ (Swatch x Omega Mission to Earthphase). Тоа е весел мал хронограф, со златен индикатор на месечевите мени на позицијата на 2 часот и цртеж на Снупи на позицијата на 9 часот. На позицијата на 11 часот се наоѓа индикатор што ја прикажува фазата на Земјата гледана од Месечината.
„Зар не е малку рано за тоа“, прашав, восхитувајќи се на неговата светлина во полутемнината на ресторанот. „Изгледа како летен часовник.“
„Знам“, одговори Мет. „Се облекуваш за годишното време што го сакаш, а не за она што го имаш.“
Прочитај повеќе
„Ројал поп“: Зошто луѓе чекаат во редови за џебен часовник
Швајцарската компанија „Своч“ започна соработка со конкурентски производител на часовници, здружувајќи ги силите со ултралуксузниот бренд „Одемар Пиге“.
15.05.2026
Зошто „Одемар Пиге“ и „Картие“ ги вратија ретките арт деко часовници?
Часовниците со скокачки час се враќаат во мода: тие нудат минималистички пристап и елегантна алтернатива на неуредните дизајни.
14.05.2026
Вечната љубовна врска меѓу часовниците и архитектурата
Архитектите со децении ги претвораат рачните часовници во минијатурни градби каде што времето не само што се мери туку и се проектира. Еве ги најинтересните примери...
10.05.2026
Лимитирани модели „дејтона“ - доказ дека „Ролекс“ и натаму игра по свои правила
Во свет во кој луксузот сериозно се приспособува на економските циклуси, „Ролекс“ сè уште игра по свои правила. Лимитирано издание на „дејтона“ од 4,8 милиони долари е доказ за тоа.
24.04.2026
Најдобрите модели од најпознатиот саем за часовници
И покрај годината полна со подеми и падови за индустријата, атмосферата на најголемиот настан во хорологијата беше оптимистична, па дури и малку разиграна. Еве ги најдобрите парчиња...
17.04.2026
Swatch x Omega Bioceramic MoonSwatch Mission to Earthphase Moonshine Gold e... доста долг назив | Swatch
Помина еден месец, а токму го одбележавме Меморијалниот ден во САД, кога старите модни правила велат дека конечно ни е дозволено да носиме бело. Но морам да кажам дека со недели наидувам на вистинска лавина од бели керамички часовници. Во Женева минатиот месец, за време на саемот „Часовници и чуда“ (Watches and Wonders), видов нови алабастерски куќишта од компаниите „Џејкоб енд компани“ (Jacob & Co), „Гребел Форси“, „Шанел“ и дури три различни модели на ИВЦ (IWC). „Хублот“ претстави лимитирано издание на часовник во чест на својот амбасадор Килијан Мбапе, капитен на француската фудбалска репрезентација. Во февруари „Омега“ лансира специјално дуо на снежнобели керамички модели „омега симастер“ (Seamaster) во чест на Зимските олимписки и параолимписки игри во Милано Кортина.
Ова е година на белиот керамички часовник. А сега, кога е неофицијално лето, време е сериозно да се погледне што сè се нуди. Ги повикав моите пријатели од светот на часовничарството за да дознаам повеќе за историјата на овој стил, како и што го правеше толку редок на пазарот досега. Керамиката е тежок материјал за обработка, објаснија експертите, а белата е една од најтешките бои за постигнување.
Покрај тоа, тоа е смела естетска одлука и не е за секого.
„Тоа не е нешто што можете да го скриете“
„Клиентите што ги купуваат овие часовници не се стандардни купувачи“, вели Лоренц Брунер, директор за истражување и иновации во ИВЦ. „Затоа што навистина, кога го носите на зглоб, изгледа доста впечатливо.“
Добро прочитавте: белите керамички часовници се впечатливи. А ИВЦ има неколку во својата постојана колекција; ги продава нивните верзии веќе 40 години. Бојата, како што Брунер понатаму објаснува, „не е нешто што можете да го скриете. Но на луѓето им се допаѓа тој посебен детаљ.“
Оваа година ИВЦ претстави и „пилотс воч хронограф“ (Pilot’s Watch Chronograph) и „перпетуал календaр просет“ (Perpetual Calendar ProSet) во рамките на линијата „малиот принц“ (Le Petit Prince), долготрајна соработка меѓу швајцарскиот производител на часовници и наследниците на Антоан де Сент-Егзипери, автор на омилената книга „Малиот принц“. Тие часовници секогаш имаат темносини бројчаници што го евоцираат ноќното небо. Белата керамика, според Брунер, одлично се вклопува со таа нијанса.
Бел часовник IWC со син бројчаник - IWC Pilot Chronograph Le Petit Prince Ceramic | IWC
Брунер исто така осмисли еден од најчудните и најкоментираните часовници што ги видов на саемот „Часовници и чуда“ (Watches and Wonders) - „биг пилотс воч перпетуал календaр цералум“ (Big Pilot’s Watch Perpetual Calendar Ceralume). Вечниот календар е сложен часовник, кој може да ги следи денот, датумот, месецот и фазите на Месечината низ месеци со различна должина, па дури и престапни години. Тоа значи дека бројчаникот содржи многу информации. Сепак, кај моделот „цералум“ речиси секој елемент на бројчаникот е бел, што го прави тешко читлив на дневна светлина. (Замислете да се обидувате да прочитате бел текст на бела страница.)
Зошто е направен така? Затоа што дизајнерите сакале часовникот да свети во мрак - исклучително силно и долго. Тоа значело мешање на високопотентен суперлуминова прашок со керамички прашок, при процес на спојување на прашоците во цврста маса под високи температури. „Не можете да измешате суперлуминова со темна боја како црна керамика, бидејќи би апсорбирала премногу светлина“, вели Брунер. Затоа сè морало да биде бело. Оваа комбинација на керамика и луминисцентен материјал го дала името „цералум“.
Часовник IWC Ceralume. На светлина IWC Big Pilot Perpetual Calendar Ceralume е малку тежок за читање. Но во мрак е сосема друга приказна | IWC
Кратка историја на овој стил
Има смисла што ИВЦ продолжува да иновира во оваа насока: таа била првата компанија што направила бел керамички часовник, „да винчи реф. 3755“ (Da Vinci Ref. 3755), претставен во 1986 година.
„Бевме првите што користеа циркониум диоксид“, вели Брунер, мислејќи на вид керамика толку отпорна на гребење и корозија што често се нарекува „керамички челик“. Денес многу брендови изработуваат куќишта од овој материјал. (Интересно: друга цврста форма на циркониум диоксид е кубниот циркониум, кристал што често се користи како имитација на дијамант.)
Многу компании го следеа примерот на ИВЦ, особено „Шанел“, кој во 1999 година го претстави својот препознатлив часовник „џ12“ (J12) со керамичко ремче, прво во црна, а потоа во 2003 година и во бела боја. Често мислам дека белиот часовник изгледа како блескава насмевка на зглобот, а никаде тоа не е поточно отколку кај белиот модел „џ12“. Оваа година во Женева „Шанел“ претстави помал, 28-милиметарски бел „џ12“, следејќи го трендот на мали „бабини часовници“ што ги обожава генерацијата зед.
Керамичкиот „џ12“ е полиран до висок сјај, што е претпочитан изглед кај белата керамика. Визуелно, сакате материјалот секогаш да изгледа како штотуку избришан. Можеби тоа е инстинктивна асоцијација на времињата кога најбогатите служеле и јаделе храна од беспрекорно чист порцелан. Тој тип керамика станал популарен во Кина за време на династијата Минг, а кога португалските и холандските трговци го донеле на Запад во 17 век, бил познат како бело злато или, едноставно, порцелан. Во 18 век Европејците конечно откриле како самите да го произведуваат, прво во германската фабрика „Мајсен“ (Meissen), а потоа и во Велика Британија и Франција.
За среќа, благодарение на отпорноста на керамиката на гребење, многу е полесно да се одржува часовникот сјаен отколку забите.
Белата керамика во реалниот свет
Кристел Шо, извршна директорка за сајбер-безбедност од Сан Франциско, постојано трага по бели часовници.
„Белата за мене има силно значење бидејќи претставува доверба, а безбедноста е нешто што многу го ценам“, вели таа. „И транспарентност.“ Поголемиот дел од нејзиниот дом е бел, од кујнските ормани и работните површини до звучниците.
„Некои тоа може да го сметаат за многу здодевно, но мислам дека добар часовник во бела боја всушност се издвојува“, вели Шо. „Како бел автомобил, знаете? Ако има убави линии, сакате да ги видите, а не да ги скриете со боја.“ Таа вози мат бело „порше 911“, ако се прашувате.
Шо неодамна купила „омега милано кортина 2026 симастер“, а долго време го поседува и „вајт сајд оф д мун спидмастер“ (White Side of the Moon Speedmaster), омилен хронограф што повеќе не се произведува. Таа ги носи во сите пригоди, не само во лето.
„Не е важно кои други бои ги носам, часовникот е главниот дел од мојата комбинација“, вели таа. Нејзиниот „вајт сајд оф д мун“ има дијаманти, па го носи кога сака да изгледа поелегантно.
Годинава Chanel за првпат претстави бел керамички модел J12 со пречник од 28 милиметри | Chanel
Авторот на текстот носи часовник Zenith Defy Skyline Skeleton White Ceramic. Zenith Defy Skyline Skeleton White Ceramic, придвижуван од славниот El Primero механизам, се покажа како одличен сопатник низ секојдневните обврски | Chris Rovzar/Bloomberg
Сакав да видам дали и јас би можел да носам ваков часовник, па за викендот по повод Меморијалниот ден позајмив модел на кој одамна му се восхитувам - „зенит дефи скајлајн скелетон“ (Zenith Defy Skyline Skeleton). Неговиот темносин скелетизиран бројчаник одлично се совпаѓа со полусјајното ремче и куќиште од 41 мм. Светлечките стрелки и индекси го прават многу читлив дури и при слаба светлина.
Луѓето постојано ме прашуваа дали станува збор за „одемар пиге ројал оук“ (Audemars Piguet Royal Oak), што е разбирлива грешка со оглед на обликот на куќиштето и начинот на кој се спојува со ремчето. А да бев навистина сопственик на тој часовник, каков бонус за перцепција би било тоа: „зенит“ чини 18.900 долари, додека белиот керамички АП чини 62.000 долари. (Или, хм, 349.000 долари.)
Францускиот фудбалер Килијан Мбапе го носи својот часовник Hublot во ограничено издание. Hublot Big Bang Reloaded е направен во негова чест | Hublot
„Дефи скајлајн скелетон“ доаѓа со гумено ремче и со керамичко ремче. Повеќе ми се допадна изгледот на керамичкото, иако би сакал да биде помазно и позаоблено како она на моделот „џ12“. Гуменото е исто така пријатно, но од искуство со часовниците „епл воч“ знам колку е тешко да се одржува бело гумено или нато-ремче чисто.
Генерално, утврдив дека часовникот одлично се вклопува со сè - од тренерките што ги носам кога го носам детето на училиште до кошулата и панталоните што ги облеков за вечера со сватовите. Секако, најдобро оди со потемен тен.
Дефинитивно не е „наметлив“, како што сугерираше Брунер. Но не е ни суптилен. Мојот општ впечаток е дека е како топка сладолед од ванила: не е наменета за секое јадење, но кога правилно се користи, речиси секогаш ги подобрува работите.
Зимска белина
Иако мислам дека летото е природна средина за бел часовник, не може да се занемари неговата поврзаност со зимата. Знаете, снег и сè друго. Токму тоа го имал на ум извршниот директор на „Омега“, Рејналд Ашлиман, кога нарачал нов пар часовници во чест на олимписките и параолимписките игри во Милано.
Часовниците „симастер дајвер 300М милано кортина 2026“ се големи, со пречник од 43,5 милиметри, со керамички куќишта и титаниумски капаци. Бројчаниците имаат ласерски врежан мотив на мраз, сличен на мразот на автомобилско стакло наутро, со цик-цак шара инспирирана од бројот „26“ од логото на Милано Кортина 2026.
Omega Milano Cortina 2026 Seamaster Paralympics специјално издание со препознатлива секундарна боја | Omega
„Омега“ е официјален мерач на времето на Олимписките игри уште од 1932 година, кога испратила еден часовничар со 30 хронографи за да ги мери сите спортски натпревари. Тој систем толку успешно ги решил проблемите со неточното и неусогласено локално мерење на времето што „Омега“ ја задржала таа привилегија до денес. Во текот на наредните децении развила иновации како подводни допирни панели за пливачки трки и фотофиниш-камери способни да забележат 40.000 слики во секунда.
За овие пригодни часовници, Ашлиман сметал дека белата керамика е соодветна не само поради бојата туку и поради нејзината изненадувачка издржливост.
„Белата керамика има одредена модна привлечност“, вели Ашлиман. „А фактот дека керамиката никогаш не се гребе значи дека секогаш останува сјајна.“ „Омега“ користи дијамантски алати за полирање, бидејќи ниту еден друг абразив не може доволно ефикасно да го обработи материјалот. „Црната керамика може да изгледа добро и кога не е целосно исполирана“, вели тој. „Но белата е многу јасна и мора да блеска.“
Предизвикот на белата боја
За стил што изгледа толку безгрижно, всушност е доста комплицирано овие часовници да стигнат до вашиот зглоб. Тука се предизвиците на синтерување и полирање на керамиката, но и одржувањето на совршената чистота на изгледот.
„Ако во текот на производството се појави темна честичка прашина, нема да ја видите на црн часовник“, вели Брунер од ИВЦ. „Но ако имате бел часовник и таа остане на површината, ќе ја видите. Значи, кога станува збор за чистотата на целиот процес од почетокот до крајот, навистина мора да бидете беспрекорно чисти.“ Како што белата кошула изгледа како да ја привлекува сета мрсна храна за време на ручекот, така и белиот керамички часовник ја открива секоја мана.
Jacob & Co. Epic X Ceramic White. Нов модел за оваа година | Jacob & Co.
Но часовникот што е толку тежок за производство на крајот станува... многу издржлив часовник. Шо вели дека ја обожава трајноста на своите бели часовници.
„Не сакам кога мора да внимавам на работите што ги поседувам, затоа керамичките часовници отсекогаш биле мој избор“, вели таа. „Кај секој производител, ако има керамички часовник, прво него го разгледувам.“