text size
Манекенките што ја најавуваат следната сезона прошетаа на модните писти обуени во чевли со високи потпетици, сандали со ниски потпетици, популарно наречени китен хилс (kitten heels), и во балетанки, од кои сите, без разлика на висината на потпетиците, се стеснуваат во шпиц. Во новата колекција, „Гучи“ (Gucci) доминира во овој тренд, нудејќи низа шпицести чевли украсени со колоритни детали и бои што ги истакнуваат елегантните потпетици. Носителот на колекцијата - сините полусандали (1.250 долари), изработени од кожа што изгледа како крокодилска - си поигрува со новиот тренд така што малку ја омекнува острината на врвот, како квадрат.