text size
„Кога лицето на непозната жена го замени ликот на мајка ми, останав без зборови“, се присетува Линли, 26-годишната нараторка во дебитантскиот роман „Нова кожа“ (New Skin) на Сара Ванг. Таа непозната жена била нејзината мајка Фани, по фејслифтинг и операција на носот. Линли тогаш имала осум години, а промената толку многу ја вознемирила што почнала да назадува: оценките ѝ се влошиле, а престанала и да зборува. „Се вознемирував секогаш кога ќе ми се приближеше.“