text size
За само два и пол часа вчера во аукциската куќа „Кристи“ се одржа историски највредната аукција на дела од еден сопственик. Извлечени од уметничката колекција на починатиот ко-основач на „Мајкрософт“, Пол Ален продадени беа само 60 уметнички дела за невидени 1,5 милијарди долари. Аукцијата претходно беше проценета од една до 1,38 милијарди долари. Вкупната цифра ги вклучува и таксите од аукциската куќа познати како премија на купувачот, проценката не. Приходите од продажбата ќе одат за филантропија, според извршителите на имотот на Ален, а целите допрва треба да се обелоденат.