text size
Пред десет години речиси никој не би поверувал дека повеќе од милион луѓе ќе купат часовник што не само што го покажува времето туку и чита текстуални пораки, ја проверува временската прогноза и го следи бројот на чекори. Но се случи токму тоа. Денес носечките уреди презедоа и многу нови улоги - вклучувајќи и помош за спиење. Со порастот на проблемите поврзани со спиењето и зголемената свест за важноста на квалитетниот сон, носечките уреди се позиционираа како потенцијални решенија. Со оглед на тоа што сѐ повеќе луѓе се соочуваат со проблеми поврзани со спиењето, практичноста и потенцијалната ефикасност на носечките помагала за спиење нудат трошка надеж за оние што трагаат по квалитетен ноќен одмор. Додека се обидуваме да ги затвориме очите и да не размислуваме за утрешниот состанок, тие вредно собираат податоци и го анализираат секој наш потег. Така, тие им овозможуваат на корисниците подобро да ги разберат своето тело и навиките за спиење, за да преземат соодветни чекори кон подобрување на квалитетот на спиењето. Овие уреди исто така следат различни физиолошки параметри, како што срцевиот ритам, телесната температура, движењата на телото и нивото на кислород во крвта во текот на ноќта. Врз основа на овие податоци, тие обезбедуваат детални информации за квалитетот на спиењето и обликуваат персонализирани препораки за да се постигне подобар сон. Но постојат и такви решенија што се потпираат на моќта на ритуалите.