text size
Монументалната Порта Индија, каде што беше одржана ревијата на „Диор“ во текот на годинава, шопинг-улицата Колаба Козвеј, пештерите Елефанта и иконскиот хотел „Таџ Махал палас“ се само некои од местата што мора да ги посетите ако патот ве однесе до Мумбај. Тоа е најбогатиот град во Индија, кој секоја година пречекува шест милиони туристи, што го прави 30-от најпосетуван град во светот.