text size
Малку е да се каже дека Узбекистан е скриен бисер. Тоа е земја за која кај нас и натаму се знае премалку, иако станува збор за простор врз кој историјата оставила трага што ретко каде може да се види толку зачувана, толку голема и толку уверлива. Кон туризмот посериозно се отвори дури во последните години и тоа е видливо. Инфраструктурата сè уште се гради, системот сè уште се обидува да го стигне амбициозниот раст, но она на што се темели целата приказна не може да се изгради ниту за десет ниту за сто години. Тоа веќе постои и изгледа нереално.