text size
Војната на Блискиот Исток повеќе не е само безбедносна и енергетска приказна. За европскиот фудбал таа станува стрес-тест на деловниот модел, кој со години се потпираше на капитал, спонзорства и политичко влијание од Заливот. Краткорочно, тој удар засега не изгледа како финансиски колапс. Но првпат јасно се гледа колку европскиот спорт станал зависен од регионот, кој не финансира само поединечни клубови туку и авиоспонзорства, туристички кампањи и пошироката инфраструктура на спортскиот бизнис.