Кога загрепскиот „Софаскор“ (Sofascore) се појави на Си-би-ес спортс голазо нетворк (CBS Sports Golazo Network) со емисијата „Бројките не лажат поддржано од Софаскор“ (Numbers Don’t Lie powered by Sofascore), тоа беше момент кој сигнализираше нешто повеќе од обична ТВ-соработка. Тоа беше влез во срцето на американскиот спортски пазар, преку најбрзо растечкиот спорт во светот и најбрзо растечката медиумска платформа во САД.
„Соработката со Си-би-ес за нас е многу повеќе од обично партнерство. Тоа е потврда дека она што го градиме во Загреб има глобална тежина,“ вели за „Блумберг Адрија“ Златко Хркаќ, основач и извршен директор на „Софаскор“.
Во позадина стои и пријателството со Пит Радовиќ, креативен директор на Си-би-ес, кое започна на „Сансет спорт фестивал“ (Sunset Sports Festival). „Пит ја препозна визијата и потребата на американскиот пазар на фудбалските навивачи да им се понуди нова перспектива – онаа заснована на бројки и објективност.“
Прочитај повеќе

Како Армани го скрои визуелниот идентитет на современиот спорт
Ретко некој толку длабоко ги поврзал модата и спортот, не само како спонзор туку и како архитект на визуелниот идентитет на натпреварите, клубовите и спортистите, како Џорџо Армани, италијанскиот моден гуру што нè напушти во четвртокот.
09.09.2025

Нуркањето како луксуз или достапна страст?
Постојат различни видови нуркање – од рекреативно, слободно (апнеја), техничко, па до нуркање во пештери и истражување потонати бродови...
08.09.2025

Зошто осигурувањето на кошаркарите е најголем ризик за репрезентациите?
Богдан Богдановиќ официјално го заврши Евробаскет 2025 поради скинат заден вкрстен лигамент. Кошаркарската асоцијација на Србија објави дека капитенот, во договор со Лос Анџелес клиперс, ќе го продолжи лекувањето во САД.
04.09.2025

Танц на милионите на Евробаскет: Јокиќ и Дончиќ на чело на листата
Евробаскет 2025, кој се игра во Летонија, Кипар, Финска и Полска, наместо класичното прашање за фаворити, во прв план го истакнува својот ѕвезден потенцијал и финансиската моќ на ѕвездите на теренот.
28.08.2025
Од тие разговори се роди „Шоуто Софаскор играч на сезоната“ (Sofascore Player of the Season Award Show), снимано во Задар – првото ТВ-доделување награди засновано исклучиво на податоци. Денес, „Бројките не лажат“ оди секој понеделник на Си-би-ес спортс голазо Нетворк и на Јутјуб каналот, носејќи и на американската публика нова димензија на разбирање на фудбалот.
Си-би-ес голазо: нов канал нова публика
Си-би-ес спортс во април 2023 го лансираше Голазо нетворк , бесплатен 24/7 канал посветен исклучиво на фудбал. Станува збор за т.н. ФАСТ формат (free ad-supported streaming television), сè попопуларен меѓу американските гледачи, бидејќи не бара претплата туку се монетизира преку реклами. Голазо е достапен глобално преку CBSSports.com и апликацијата, а во САД и на Плуто ТВ (Pluto TV) и Парамонт+ (Paramount+) сервисите.
„Ги уриваме сопствените рекорди“, Златко Хркаќ | Софаскор
Во такво опкружување, „Софаскор“ не само што го доби ударниот вечер термин, туку и платформа за брендирање како „поддржано од“ (powered by), партнер – формат кој покажува како податоците можат да станат централна содржина. Си-би-ес, кој ги поседува правата за Лигата на шампионите, Серија А и CONCACAF турнирите, преку „Голазо“ бара диференцијација. „Софаскор“ му го дава токму тоа – слој на објективна аналитика што ги надминува коментаторските впечатоци.
Америка во топ 5 пазари
За „Софаскор“, САД е многу повеќе од пробен пазар – тоа е еден од петте најголеми извори на корисници.
Светското првенство 2026 ќе донесе експлозија на интерес за фудбалот, а нашата платформа со години ги покрива спортовите што Американците ги обожаваат – НБА, НФЛ, НХЛ. Затоа природно стануваме „ун стоп“ (one-stop) платформа за сите навивачи,“ вели Хркаќ.
Специфичноста на американскиот навивач – брзината на информациите комбинирана со длабочината на податоците – отвора простор што „Софаскор“ знае да го пополни. Корисниците сакаат јасна метрика, но и контекст што помага да се разбере играта. Токму тука „Софаскор“, со својот рејтинг и напредни статистики, има предност пред конкуренцијата.
„Соработката со Си-би-ес за нас е многу повеќе од обично партнерство“, вели Хркаќ | Софаскор
Покрај професионалниот спорт, Хркаќ посебно ја истакнува и важноста на аматерскиот сегмент. Нивната алатка „Торнео бај Софаскор“ (Torneo by Sofascore) овозможува секоја заедница или универзитет да организира и следи сопствени турнири. „Во земја каде и аматерскиот спорт има силна традиција, 'Торнео' ја поврзува базата со професионалниот спорт – сè во рамки на иста платформа.“
Следни чекори: кошарка и фантази
„Софаскор“ не ја крие својата амбиција. „Продолжуваме да ја шириме соработката со Си-би-ес, каде 'Софаскор рејтинг' останува темел за најобјективната награда во светот на спортот – награда што не се заснова на гласови или популарност на социјалните мрежи, туку исклучиво на учинокот на теренот,“ вели Хркаќ. Следниот голем чекор е примена на истиот принцип во кошарката.
Покрај тоа, платформата е единствена во сегментот што нуди и „Фантази“ (Fantasy) натпревари, за првпат и за Лигата на шампионите. „Одѕивот е одличен, ги уриваме сопствените рекорди,“ додава Хркаќ. Со тоа „Софаскор“ влегува во простор со кој во САД доминираат И-ес-пи-ен (ESPN) и Јаху (Yahoo), но со фокус на фудбалот и глобална база на корисници.
Технолошки, „Софаскор“ се движи во насока на континуирано подобрување на апликацијата. Наскоро ќе претстави редизајн на почетната страница, што е дел од стратегијата на слушање на корисниците и постојана адаптација. „Нашата цел е постојано да го подобруваме корисничкото искуство и да бидеме чекор напред,“ вели Хркаќ. Тоа вклучува и алгоритамски промени, подобро персонализирани фидови и проширување со дополнителни спортови.
Хрватскиот технолошки сектор во глобалниот ланец на вредност
Денес, „Софаскор“ го користат повеќе од 25 милиони луѓе месечно, а партнерството со Си-би-ес отвора ново ниво на видливост. Во индустрија во која доминираат американски и британски брендови, фактот дека хрватска апликација добива сопствено шоу во САД сигнализира нова реалност – спортот е глобален бизнис, а податоците се неговото гориво.
За Си-би-ес, партнерството значи дополнителен слој на кредибилитет, а за „Софаскор“ излез надвор од рамките на апликацијата во линеарниот и стриминг просторот. Монетизацијата доаѓа преку огласни интеграции и потенцијални „би-ту-би“ (B2B) договори со лиги, клубови и обложувалници.
„Сигурни сме дека овој начин на оценување на играчите – објективен и заснован на податоци – многу брзо ќе стане нов стандард во светот на спортските анализи и телевизиското прикажување на фудбалот,“ заклучува Хркаќ.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...