text size
Администрацијата на Трамп ги направи СAД поранливи на сајбер закани, тврдејќи притоа дека ги штити. Министерството за трговија ѝ даде на компанијата „Антропик“ (Anthropic PBC), една од водечките американски компании за вештачка интелигенција (ВИ), приближно 90 минути да го прекине странскиот пристап до своите два најмоќни модела. Наместо тоа, компанијата ги повлече од секаде - од Сан Франциско до Шангај. Владината наредба ќе ја ослаби американската сајбер-одбрана и ВИ индустријата од која таа одбрана зависи.