Изненадувачкиот пробив на кинескиот стартап за вештачка интелигенција „Муншот“ (Moonshot), во петокот се прелеа на глобалните пазари, предизвикувајќи нагло паѓање на акциите на компаниите за вештачка интелигенција и полупроводници, бидејќи инвеститорите направија паралели со минатогодишниот „Дипсик (DeepSeek) момент“ и се запрашаа дали огромната потрошувачка во индустријата станува сè потешко да се оправда.
Катализатор беше новиот модел Кими К3 (Kimi K3) на „Муншот“, за кој компанијата рече дека им конкурира на најсилните модели на „Опен еј-ај“ (OpenAI) и „Антропик“ (Anthropic PBC). Лансирањето брзо беше наречено нов „Кими момент“ од страна на инвеститорите, илустрирајќи го пазарниот шок предизвикан од пробивот на кинескиот стартап „Дипсик“ минатата година.
„Луѓето се загрижени дека ако американските компании почнат повеќе да користат кинески модели, а помалку од 'Антропик', тогаш 'Антропик' ќе инвестира помалку. Тоа значи дека тие американски компании ќе го намалат капиталното трошење и на крајот побарувачката за чипови ќе биде погодена“, рече Веј-Серн Линг, управен директор во УБП (Union Bancaire Privee). Таквите грижи постојат уште од април, кога „Дипсик“ го лансираше својот В4 (V4) модел, додека лансирањето на К3 само дополнително ги продлабочи овие грижи, додаде тој.
Прочитај повеќе
„Опен еј-ај“ работи на пренослив уред што ќе биде ваш личен ВИ асистент
Новата технологија ќе се обиде да го промени начинот на кој комуницираме со вештачката интелигенција, а во амбициите се судира директно со „Епл“.
15.07.2026
Твитови за Светското првенство ни покажуваат како ВИ ќе нѐ обедини
Напредната технологија ги трга јазичните бариери
14.07.2026
Директорот на кинескиот „Дипсик“ стана најбогат основач на ВИ-компанија
Богатството на Лианг Венфенг сега се проценува на 36 милијарди долари, во однос на околу 16,7 милијарди долари претходно, според индексот Bloomberg Billionaires.
14.07.2026
Веќе не е прашање колку чипови произведувате, туку кому му ги продавате
Од масовно производство до чипови по нарачка...
13.07.2026
Објавувањето на „Муншот“ дојде во момент кога претседателот Шји Џјинпинг го имаше своето прво појавување на главниот кинески самит за вештачка интелигенција, давајќи поддршка на напорите на земјата да стане глобален лидер во вештачката интелигенција. Времето на овој настан покажува колку брзо кинеските развивачи на вештачка интелигенција го намалуваат јазот со американските конкуренти, засилувајќи ја конкуренцијата и дома и во странство.
Азискиот индекс за полупроводници на „Блумберг“ падна за повеќе од 6 отсто, предводен од загубите на „Киоксиа“ (Kioxia Holdings Corp.), а фјучерсите на Nasdaq 100 паднаа за 2 отсто поради загриженоста дека сè поспособните кинески модели би можеле да ја намалат побарувачката за најнапредните чипови за вештачка интелигенција. Акциите на кинескиот конкурент на „Муншот“, „Зед еј-ај“ (Z.AI), паднаа дури 30 отсто во Хонг Конг, што е нивен најголем пад од котирањето во јануари, додека друг домашен конкурент, „Минимакс“ (MiniMax Group Inc.), падна до 16 отсто. „Софтбанк3 (SoftBank Group Corp.), која често се смета за компанија што служи како индикатор за „Опен еј-ај“ (OpenAI), падна 9 отсто во Токио.
Објавувањето на „Муншот“ покажува дека трката за вештачка интелигенција во Кина се развива надвор од конкуренцијата само во однос на трошоците. Стартапот го постави ценовникот за својот најнов модел приближно на исто ниво како Антропик Сонет (Anthropic Sonnet), што претставува премиум во споредба со другите кинески модели врз основа на неговите силни способности. „Муншот“ исто така тврдеше дека го надминал најнапредниот модел на кинескиот конкурент „Зед еј-ај“ во задачи поврзани со кодирање. Тоа ги зголемува грижите дека конкуренцијата во кинескиот сектор за вештачка интелигенција се засилува, дури и додека лидерите во индустријата се пробиваат на глобалните пазари.
Корисниците ги пофалија способностите на новиот модел на „Муншот“, а Леонид Миронов, портфолио менаџер во ГК (Gavekal Capital Ltd.), го нарече „брилијантен“.
Bloomberg
„Во моето користење, ова е јасно најдобриот кинески модел досега“, рече Миронов. „Комбинираната цена за К3 е околу половина од Клод Опус (Claud Opus) и ГПТ 5.5 (GPT 5.5), што претставува значително подобрување на економијата на токените.“
Силните перформанси на Кими К3 предизвикаа загриженост за позицијата на „Зед еј-ај“. Компанијата е на пат да достигне годишен периодичен приход од 1 милијарда долари, објави „Блумберг њуз“.
„Муншот“ соопшти дека неговиот најнов модел има 2,8 билиони параметри и контекстуален прозорец од 1 милион токени, што се мерки за неговата способност. АА (Artificial Analysis) го рангираше К3 пред Опус 4.8 (Opus 4.8) на „Антропик“ во некои клучни тестови, што го прави првиот кинески модел кој го постигнал тоа достигнување.
„Иако пробиви на модели како Кими можат да покренат прашања за темпото на побарувачката за одредени напредни чипови за обука, тие не мора нужно да го поткопаат поширокиот циклус на инвестиции во инфраструктурата за вештачка интелигенција“, рече Гери Тан, портфолио менаџер во АГИ (Allspring Global Investments). „Би пристапиле поселективно кон синџирот на вредност на полупроводниците за вештачка интелигенција при проценката на овој ‘Кими момент’.“
Претходно во петокот, кинексиот претседател Шји ги пофали достигнувањата на Кина во евтината вештачка интелигенција, повикувајќи истовремено на поотворен глобален технолошки поредок.
„Развојот на вештачката интелигенција не треба да биде соло настап на една земја, туку симфонија на меѓународна соработка“, рече тој.