text size
„Дипсик“ (DeepSeek) им соопштил на потенцијалните инвеститори дека привремено го запира процесот на собирање капитал во втората рунда на финансирање, според извори запознаени со ситуацијата.
Одлуката доаѓа само неколку дена откако изјавите на основачот Лианг Венфенг за конкуренцијата меѓу САД и Кина во развојот на вештачката интелигенција (ВИ) станаа вирални.
Кинеската компанија усно ги информирала дел од инвеститорите дека во следните денови нема да потпишува инвестициски договори, иако тоа претходно било очекувано. Сепак, процесот би можел да продолжи во подоцнежна фаза.
Прочитај повеќе
Директорот на кинескиот „Дипсик“ стана најбогат основач на ВИ-компанија
Богатството на Лианг Венфенг сега се проценува на 36 милијарди долари, во однос на околу 16,7 милијарди долари претходно, според индексот Bloomberg Billionaires.
14.07.2026
„Дипсик“ развива сопствен ВИ-чип, „Енвидија“ под притисок
Кинеската компанија работи на чип наменет за инференција, додека најголемите светски компании сè повеќе вложуваат во развој на сопствен хардвер за да ја намалат зависноста од „Енвидија“ и да ги оптимизираат ВИ-системите.
07.07.2026
„Дипсик“ ги намалува цените за најновиот модел на вештачка интелигенција
Лабораторијата за вештачка интелигенција со седиште во Хангжу нуди 75 проценти попуст на програмерите што го користат Дипсик-В4-Про.
27.04.2026
Објавите во медиумите за ставовите на Лианг наводно се една од причините за паузата. Тој, според кинеските медиуми, зборувал за зависноста на развојот на ВИ од чиповите на „Енвидија“ (Nvidia) и за тоа дека Кина сè уште заостанува зад САД во технолошкиот напредок.
„Дипсик“ не ги коментираше информациите.
Преговорите со инвеститорите продолжуваат, а компанијата би можела повторно да го активира процесот на финансирање. Не е познато дали сите потенцијални инвеститори биле информирани за привременото запирање.
Новата рунда започна само неколку недели по првата, во која „Дипсик“ собра околу 7 милијарди долари од инвеститори како „Тенсент“ (Tencent Holdings), КАТ (Contemporary Amperex Technology) и Националниот фонд за инвестиции во индустријата за вештачка интелигенција.
Компанијата планираше да собере најмалку 10 милијарди јуани дополнителен капитал, со проценета вредност пред новата инвестиција од најмалку 480 милијарди јуани.
Подготовки за излегување на берза
Покрај собирањето капитал, „Дипсик“ започна подготовки за иницијална јавна понуда на акции (ИПО) и би можел да поднесе барање за излегување на берза уште оваа година.
Компанијата привлече големо внимание бидејќи минатата година претстави ВИ модел кој ја изненади индустријата. „Дипсик“ покажа дека е можно создавање напредни ВИ системи со значително помалку компјутерски ресурси од претходно очекуваното.
Успехот на компанијата покажа дека кинеските фирми можат да бидат конкурентни на водечките компании од Силициумската долина и покрај американските ограничувања за извоз на напредни чипови.
Новите средства треба да помогнат во проширување на компјутерските капацитети потребни за развој и работа на ВИ системите.
Приоритет се истражувањата, а не брзата заработка
Раководството на „Дипсик“ им порачало на инвеститорите дека главен приоритет ќе останат фундаменталните истражувања во областа на вештачката интелигенција, а не краткорочната комерцијализација.
Лианг Венфенг ветил дека компанијата ќе продолжи да развива ВИ модели со отворен код, со долгорочна цел создавање општа вештачка интелигенција.
Според него, технолошкиот напредок е поважен од брзото остварување профит.
По последната рунда финансирање, богатството на Лианг се зголеми повеќе од двојно. Според Bloomberg Billionaires Index, неговото богатство сега се проценува на околу 36 милијарди долари, со што стана најбогатиот основач на компанија за развој на ВИ модели во светот.