text size
„Гугл“ (Google) ги продава своите алатки за вештачка интелигенција на корпоративни клиенти за на тој начин побрзо да пребаруваат низ огромен број пријави за работа и да ги пронајдат најперспективните кандидати. Меѓутоа, некои од тимовите на „Гугл“ не сакаат да се потпираат на тие алатки при вработувањето.
Тимот за безбедност и усогласување на АГИ (Safety and Alignment Team) во рамките на „Гугл Дипмајнд“ (Google DeepMind), кој работи на ублажување на ризиците од напредната вештачка интелигенција, ги поттикнува кандидатите за отворените работни места заедно со пријавата да пополнат посебен формулар за да се намали ризикот интерните системи за ВИ на компанијата автоматски да ги елиминираат. Тоа се наведува во документ во кој „Блумберг“ имал увид и во кој се наведува дека документот не е наменет за јавноста.
„Имаме систем за пријавување кај кој постои незанемарлива веројатност вашето Си-ви погрешно да биде елиминирано или да му треба предолго време за да стигне до нас“, се наведува во документот. „Пополнувањето на овој формулар гарантира дека вистинска личност од тимот ќе ја види вашата пријава.“
Прочитај повеќе
Квен на „Алибаба“ стана глобален ВИ-хит со три милијарди преземања, ги престигна „Мета“ и „Гугл“
„Алибаба“ ја засилува конкуренцијата со американските и кинеските ривали, неговиот модел Квен станува сè почест избор на програмерите за развој на сопствени ВИ-производи
пред 2 часа
Гугл го претстави новиот Џемини Флеш, а на најмоќниот ВИ модел сѐ уште се чека
Новиот модел Џемини 3.7 Флеш ги надминува своите претходници во програмерските задачи, како што е отстранување на грешки во кодот.
пред 19 часа
Глад за обврзниците на „Алфабет“ – побарани 25 милијарди, инвеститорите нудат 115 милијарди долари
Ова сигнализира обновен апетит на инвеститорите за корпоративен долг поврзан со бумот на ВИ.
06.08.2026
„Гугл“ го потресуваат менаџерски промени и заминувања од ВИ одделот, акцијата надолу за 4 отсто
Шефот на лабораторијата за вештачка интелигенција ја напушта извршната функција, а друг клучен менаџер си заминува од „Гугл“.
05.08.2026
Портпарол на „Гугл Дипмајнд“ изјави дека компанијата сака „да ги привлече и вработи најквалификуваните таленти во „Гугл Дипмајнд““ и негираше дека системите на компанијата погрешно ги елиминираат кандидатите. „Овој тим направи посебен формулар за да ја заобиколи проверката од регрутерите и да ги достави СиВи-јата директно до луѓето во тимот. Сепак, нема краток пат до вработување“, додаде портпаролот.
Вештачката интелигенција брзо стана дел од процесот на вработување, поради што некои тимови за човечки ресурси се загрижени дека наскоро би можеле да останат без работа. Меѓутоа, начинот на кој се користи ВИ може да биде нетранспарентен. Некои компании користат модели за ВИ за рангирање на кандидатите, додека други ги филтрираат СиВи-јата врз основа на клучни зборови
Тимот на „Гугл воркспејс“ (Google Workspace), кој на компаниите им продава популарни производи како „Гугл драјв“ (Google Drive), ги промовира новите функции за ВИ на компанијата како начин „да им се заштеди време на тимовите за човечки ресурси преку брзо креирање нацрти на огласи за работа, процена на СиВи-јата и предвидување на потребите за вработување“.
Системите за вработување засновани на вештачка интелигенција исто така се на удар на критики поради потенцијална дискриминација на кандидатите. Истрага на „Блумберг“ откри дека ЧетГПЅ (ChatGPT) на „Опен еј-ај“ (OpenAI) покажувал знаци на потенцијална пристрасност врз основа на имињата на кандидатите. „Воркдеј“ (Workday Inc.), кој продава софтвер за управување со работното место, се соочува со тужба во која се наведува дека неговите системи за ВИ при вработување ги филтрираат кандидатите врз основа на раса, возраст и попреченост, со што го прекршуваат законот. „Воркдеј“ ги отфрли обвинувањата и порача дека одлуките за вработување ги носат луѓе. Компанијата не одговори на барањето за коментар.
Во меѓувреме, некои кандидати за работа ја користат ВИ во своја корист за да ги заобиколат филтрите или едноставно да испраќаат пријави со рекордна брзина. Тимот на „Гугл Дипмајнд“ бил свесен и за таа можност, па им порачал на кандидатите дека нивните пријави ќе бидат поквалитетни без помош на вештачката интелигенција.
Формуларот осмислен за заобиколување на автоматското филтрирање содржи и предупредување: „Ова ќе го чита вистинска личност. Тие луѓе навистина се уморуваат од читање одговори генерирани од големи јазични модели (LLM), бидејќи сите звучат многу слично.“
Тимот на „Гугл воркспејс“ (Google Workspace), кој на компаниите им продава популарни производи како „Гугл драјв“ (Google Drive), ги промовира новите функции за ВИ на компанијата како начин „да им се заштеди време на тимовите за човечки ресурси преку брзо креирање нацрти на огласи за работа, процена на CV-јата и предвидување на потребите за вработување“.
Системите за вработување засновани на вештачка интелигенција исто така се на удар на критики поради потенцијална дискриминација на кандидатите. Истрага на „Блумберг“ откри дека Чет Џи-пи-ти (ChatGPT) на „Опен еј-ај“ (OpenAI) покажувал знаци на потенцијална пристрасност врз основа на имињата на кандидатите. „Воркдеј“ (Workday Inc.), кој продава софтвер за управување со работното место, се соочува со тужба во која се наведува дека неговите системи за ВИ при вработување ги филтрираат кандидатите врз основа на раса, возраст и попреченост, со што го прекршуваат законот. „Воркдеј“ ги отфрли обвинувањата и порача дека одлуките за вработување ги носат луѓе. Компанијата не одговори на барањето за коментар.
Во меѓувреме, некои кандидати за работа ја користат ВИ во своја корист за да ги заобиколат филтрите или едноставно да испраќаат пријави со рекордна брзина. Тимот на „Гугл Дипмајнд“ бил свесен и за таа можност, па им порачал на кандидатите дека нивните пријави ќе бидат поквалитетни без помош на вештачката интелигенција.
Формуларот осмислен за заобиколување на автоматското филтрирање содржи и предупредување: „Ова ќе го чита вистинска личност. Тие луѓе навистина се уморуваат од читање одговори генерирани од големи јазични модели (LLM), бидејќи сите звучат многу слично.“
-Со помош на Џо Констанц