text size
Според вицегувернерката на Банката на Англија, Сара Бриден, на финансиските регулатори им истекува времето за справување со ризикот автономните агенти со вештачка интелигенција (ВИ) да предизвикаат колапс на пазарите.
Таа во понеделникот изјави дека централната банка на Обединетото Кралство размислува за тестирање на „прекинувачи за итно исклучување“ (kill switches) за да спречи ВИ да предизвика хаос на финансиските пазари, иако нагласи дека официјалните лица сè уште не знаат како би функционирал таков систем.
„Мораме да забрзаме ако сакаме соодветно да ги разбереме овие ризици и да се осигуриме дека, до моментот кога ваквиот тип на тргување со помош на автономни агенти ќе стане вообичаен на финансиските пазари, ќе бидеме подготвени со одговор за зачувување на финансиската стабилност“, рече Бриден во интервју за подкаст на бизнис школата „Вартон“ (Wharton School). „Не мислам дека заостануваме, но не сум сигурна дека ни преостанува уште премногу време.“
Прочитај повеќе
Употребата на ВИ ќе влијае врз кредитните рејтинзи на банките
Победниците и губитниците ќе бидат одредени од зрелоста на нивните стратегии за вештачка интелигенција и силата на рамките за управување, според „Стандард и Пурс“
пред 3 часа
Ризикот од ВИ е насекаде, а фондовите тешки милијарди се загрижени поради тоа
Пензиските фондови и државните инвестициски фондови, кои располагаат со повеќе милијарди за инвестирање, откриваат дека диверзификацијата на која некогаш се потпирале претставува илузија.
пред 10 часа
На Волстрит расте фрустрацијата дека ВИ ќе ја преземе дебатата за климата
Загриженоста за климатското влијание на ВИ расте меѓу инвеститорите, иако експертите посочуваат дека климатизацијата троши значително повеќе енергија.
20.09.2026
Џенсен Хуанг: има „нула отсто шанси“ светот да исчезне во 2030 година
Извршниот директор на „Енвидија“, Џенсен Хуанг, ги отфрли тврдењата дека вештачката интелигенција го загрозува опстанокот на човештвото, порачувајќи дека развојот на технологијата треба да продолжи со одговорно управување со безбедноста.
19.09.2026
Гугл им се придружи на Опен еј-ај, Антропик и Мета во откривањето хакирања од ВИ
Гугл е најновата технолошка компанија што призна упади од свој ВИ-модел, засилувајќи го алармот околу понатамошното развивање на агентите на вештачката интелигенција.
19.09.2026
Кој е главниот виновник, вештачката интелигенција или луѓето?
Стравот од вештачката интелигенција веќе не е само научна дебата туку и реторика што се прелева од лабораториите во политиката и маркетингот. Од хакирањето на „Хагинг фејс“ до предлог-законите во Конгресот, паниката околу ВИ станува дел од јавниот наратив за иднината на технологијата.
18.09.2026
Нова верзија на ЧетГПТ им ги мати сметките на фриленсерите
На 3 септември „Опен еј-ај“ го претстави својот нов модел, ГПТ-6 Астра, кој во голема мера може да ја замени работата на креативците и дизајнерите.
17.09.2026
Банката на Англија е загрижена поради употребата на агенти со вештачка интелигенција во тргувањето, особено доколку тие стапат во меѓусебен контакт и ја зголемат нестабилноста на цените на средствата. Коментарите на Бриден доаѓаат откако водечките компании за вештачка интелигенција предупредија на потребата да се забави развојот на најнапредните модели поради заканата што тие ја претставуваат за човештвото.
Глобалните регулаторни тела со години работат на намалување на ризиците, вклучително и преку извештајот од јуни на Одборот за финансиска стабилност (Financial Stability Board) за глобална рамка за тоа како финансиските институции треба одговорно да ја применуваат вештачката интелигенција. Сепак, технологијата се развива побрзо отколку што регулаторите можат да реагираат, а тешко е да се постигне меѓународен договор за тоа како да се стават ризиците под контрола.
Бриден изјави дека за луѓето ќе биде тешко целосно да ги надгледуваат агентите со вештачка интелигенција во реално време, предупредувајќи дека тие би можеле да предизвикаат силни повратни ефекти (feedback loops) доколку реагираат на исти сигнали на сличен начин.
Таа ја повтори својата поддршка за воведување на т.н. прекинувач за итно исклучување, кој би можел да го ограничи или запре тргувањето доколку моделите со вештачка интелигенција предизвикаат стрес на пазарот.
„Идејата за воведување механизми за управување и процедури за запирање на активностите кога финансиските пазари се под стрес ми се чини како многу разумна работа за истражување, дури и ако сè уште не знам точно како би функционирало тоа во пракса“, рече Бриден.