text size
Уште малку и ќе ни се оствари „Терминатор“. Ова неодамна го слушнав во еден сосема обичен разговор за вештачката интелигенција, во насока дека веќе гледаме роботи што трчаат, разговараат, носат товар и учат од луѓето. Она што Џејмс Камерон во 1984 година го претвори во една од најпознатите дистописки приказни во популарната култура, четири децении подоцна добива малку поинаква актуелност.