Шенгџија Жао стана главен научник на т.н. група за суперинтелигентна вештачка интелигенција (ВИ) во компанијата „Мета“ (Meta Platforms Inc). На таа позиција го именуваше Марк Закерберг, откако Жао во јуни премина од „Опен еј-ај“ (OpenAI) во „Мета“.
Жао беше дел од тимот кој работеше на оригиналната верзија на популарниот четбот ЧетГПТ (ChatGPT). Сега ќе помага во водењето на истакната група во рамки на „Мета“, чија цел е развој на нови ВИ модели кои ќе можат да извршуваат задачи еднакво добро или подобро од луѓето. Жао ќе му одговара на Александру Ванг, поранешен извршен директор на „Скејл еј-ај“ (Scale AI), кој исто така ѝ се приклучи на „Мета“ во јуни како директор за вештачка интелигенција.
„Мета“ агресивно инвестира во доведување ВИ експерти со цел да развие нови модели и да остане релевантна во трката за доминација во областа на вештачката интелигенција со ривали како „Опен еј-ај“ и „Гугл“. Компанијата со месеци бараше главен научник за оваа група. Жао е еден од повеќе од десет поранешни вработени во „Опен еј-ај“ кои во последниве два месеца му се приклучија на ВИ тимот на „Мета“.
Прочитај повеќе

Вештачката интелигенција на Маск манипулира со чувства, но профитот расте
Четботот Grok доби два нови аватара...
26.07.2025

„Гугл“ ќе плати 2,4 милијарди долари за преземање таленти и продукт од ВИ стартап
„Гугл“ на компанијата „Алфабет“ постигна договор да плати околу 2,4 милијарди долари за врвни таленти и лиценцирани права од стартапот за кодирање со ВИ - „Виндсурф“.
12.07.2025

Закерберг против Алтман: Како вештачката интелигенција ги засени фудбалските супертрансфери
Реал Мадрид го шокира спортскиот свет во 2009 година кога плати рекордни 94 милиони евра за Кристијано Роналдо, трансфер што го промени фудбалскиот пазар.
09.07.2025

„Мета“ со милионски договор го привлече водечкиот човек за вештачка интелигенција на „Епл“
Највисокиот раководител на „Епл“ задолжен за модели на вештачка интелигенција (ВИ) заминува во „Мета“, што претставува нов удар за производителот на ајфони.
08.07.2025
„Шенгџија е коосновач на нашата нова лабораторија и од првиот ден го води научниот тим“, напиша Закерберг, извршниот директор на „Мета“, во објава на Threads. „Сега, кога регрутацијата оди добро и тимот се оформува, решивме да ја формализираме неговата лидерска улога.“
Жао е коавтор на оригиналната научна статија за ЧетГПТ, а исто така бил клучен истражувач на првиот модел за резонирање на „Опен еј-ај“, наречен o1, кој придонесе за популаризацијата на „chain-of-thought“ техниката (техника во развојот на ВИ што му овозможува на моделот да решава посложени проблеми со прикажување на чекори во размислувањето, наместо директно да даде конечен одговор, н.з.) во лабораториите на „Дипсик“, „Гугл“ и други. Наведен е како еден од над 20-те основачи-истражувачи на проектот.
Јан Лекун, уште еден истакнат истражувач во областа на вештачката интелигенција, кој е повеќе од една деценија во „Мета“ и ја носи титулата главен научник, ќе продолжи да работи во компанијата како главен научник на внатрешната истражувачка ВИ група FAIR, наведува извор запознаен со ситуацијата. Тој исто така ќе му одговара на Ванг, додава истиот извор.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...