„Гугл“ на компанијата „Алфабет“ постигна договор да плати околу 2,4 милијарди долари за врвни таленти и лиценцирани права од стартапот за кодирање со вештачка интелигенција (ВИ) „Виндсурф“ (Windsurf), откако претходно пропадна договорот на „Виндсурф“ да биде купен од конкурентот на „Гугл“ – „Опен еј-ај“, информираат луѓе запознаени со ова прашање.
„Гугл“ ги вработува извршниот директор на „Виндсурф“, Варун Мохан, коосновачот Даглас Чен, заедно со мала група вработени, да работат во нивната единица за вештачка интелигенција „Дип мајнд“ (DeepMind), според вчерашната изјава. Компанијата одби да коментира за финансиските услови, за кои рече дека не вклучуваат преземање удел во „Виндсурф“.
„Виндсурф“ претходно даде согласност за купување на „Опен еј-ај“ за три милијарди долари, но договорот делумно се распадна поради тензиите со „Мајкрософт“, кој е голем инвеститор во „Опен еј-ај“, рекоа луѓе запознаени со ова прашање, кои побараа да не бидат идентификувани бидејќи станува збор за приватни работи и услови за купување.
Прочитај повеќе

„Енвидија“ е првата компанија што достигна вредност од четири трилиони долари
„Енвидија“ стана првата компанија во историјата што достигна пазарна вредност од четири трилиони долари, зацврстувајќи го својот статус како главен столб на глобалниот финансиски пазар.
10.07.2025

„Мета“ со милионски договор го привлече водечкиот човек за вештачка интелигенција на „Епл“
Највисокиот раководител на „Епл“ задолжен за модели на вештачка интелигенција (ВИ) заминува во „Мета“, што претставува нов удар за производителот на ајфони.
08.07.2025

Битка за податоци – регионот Адрија во потрага по сопствена вештачка интелигенција
Ова повеќе не е прашање на технолошки избор, туку предуслов за раст.
27.06.2025

ВИ-четботовите сакаат да се навлечете на нив – можеби и премногу
Виртуелните пријатели базирани на ВИ веќе се реалност и работат во нерегулирани услови, без јасни законски прописи и контроли.
29.06.2025

Изобилството на ВИ зависи од обемот на електрична енергија на располагање
Светот на вештачката интелигенција се развива побрзо отколку што може да замислиме, но често се заборава на сė поголемата побарувачка за струја што го следи овој технолошки напредок.
12.06.2025

„Мета“ ангажира врвни истражувачи за ВИ од „Гугл“ и „Сесами“
„Мета платформс“ ангажираше врвни инженери од повеќе технолошки фирми, вклучувајќи ја и „Гугл“ на „Алфабет“, за формирање нов тим фокусиран на постигнување суперинтелигенција.
12.06.2025
Според нив, „Виндсурф“ не сакаше „Мајкрософт“ да има пристап до неговата интелектуална сопственост - услов поради којшто „Опен еј-ај“ не успеа да го добие договорот од „Мајкрософт“. Тоа била една од неколкуте спорни точки во тековните разговори меѓу „Мајкрософт“ и „Опен еј-ај“ околу напорите на компанијата за ВИ да се реструктуира во комерцијален ентитет. Постоечкиот договор на „Мајкрософт“ со „Опен еј-ај“ вели дека софтверскиот гигант има право на пристап до технологијата на стартапот.
„Опен еј-ај“ мислеше дека веќе го има договорот со „Виндсурф“ и речиси ја најави аквизицијата на почетокот на мај, велат луѓето запознаени со договорот. Имало потпишано писмо за намери, а инвеститорите на „Виндсурф“ добиле таканаречени „водопад“ договори, со кои секоја страна била известена колку пари се очекува да заработат, велат изворите.
Портпарол на „Опен еј-ај“ вчера изјави дека периодот на ексклузивност за неговата понуда за преземање е истечен, оставајќи го „Виндсурф“ слободен да разгледа други понуди. „Мајкрософт“ и „Виндсурф“ одбија да коментираат.
Големите технолошки компании ги грабнуваат директорите и технологијата од ветувачки стартапи за ВИ како дел од договори што не завршуваат со целосни аквизиции - потези за кои некои критичари велат дека се структурирани за да се избегне антимонополска контрола.
Минатата година „Мајкрософт“ ги ангажираше основачите и голем дел од персоналот на „Инфлекшн еј-ај“ (Inflection AI) и го лиценцираше софтверот за ВИ на компанијата. Во слични аранжмани „Амазон“ ангажираше врвни директори и други вработени од стартапот „Адепт еј-ај лабс“ (Adept AI Labs Inc.), а „Гугл“ ги ангажираше коосновачите на „Карактер еј-ај“ (Character.AI) како дел од договор за лиценцирање. И покрај структурите на трансакциите, владините регулатори отворија истраги за некои од овие видови договори.
Минатиот месец „Мета платформс“ купи 49 проценти удел во стартапот за означување на податоци за ВИ – „Скејл еј-ај“ (Scale AI) за повеќе од 14 милијарди долари и го ангажираше коосновачот Александар Ванг за новиот тимски проект за вештачка „суперинтелигенција“. Оттогаш, „Мета“ регрутира и други врвни директори за ВИ од конкурентите „Гугл“, „Опен еј-ај“ и „Епл“ бидејќи технолошките лидери ги заоструваат своите напори да се надминат еден со друг.
„Мета“ дава невидени понуди за компензација во обид да привлече таленти за својата лабораторија за суперинтелигенција, вклучувајќи пакет од повеќе од 200 милиони долари за поранешен истакнат инженер на „Епл“.
„Виндсурф“, формално наречен „Ексафанкшн“ (Exafunction Inc.), е дел од група стартапи кои градат асистенти за кодирање управувани од вештачка интелигенција - системи способни за задачи како пишување код врз основа на упатства од природен јазик. Основан во 2021 година, „Виндсурф“ собра повеќе од 200 милиони долари ризичен капитал, според податоците на „Пичбук“ (PitchBook). Меѓу другите инвеститори се „Гринокс капитал партнерс“ (Greenoaks Capital Partners) и „Еј-ај-екс венчрс“ (AIX Ventures).
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...