text size
Системот за кој се обезбедени околу четири милиони долари од Светската банка, преку Проектот за забрзување на транспортот и трговијата на Западен Балкан, се очекува да ги олесни трговските и транспортните постапки во државата. Според најавите, тендерот за имплементација на системот ќе биде објавен во првото тримесечје од годинава, а во процесот ќе бидат вклучени вкупно 16 државни институции.