Јужнокорејскиот електронски гигант „Самсунг Електроникс“ преговара со клиентите за да ги зголеми цените на чиповите оваа година за 20 отсто.
Многу производители на чипови сакаат да ги зголемат цените за да ги покријат зголемените трошоци за материјали и логистика. Јужнокорејската компанија е вториот најголем производител на чипови во светот, по Taiwan Semiconductor Manufacturing (TSMC).
„Самсунг“ при претставувањето на деловните резултати на крајот на април истакна дека побарувачката на големите клиенти е поголема од расположливите капацитети, оценувајќи дека состојбата нема да се подобри во догледно време.