text size
Визијата на Илон Маск - чип што се вградува во мозокот - може да се сумира со неговите зборови: „Резервен погон за вашето нефизичко битие, односно за вашата дигитална душа“. Имено, тој има за цел преку мозочните импланти на неговиот стартап „Неуралинк“ (Neuralink) луѓето во иднина да ги контролираат компјутерите со својот ум.