По години критики дека заостанува во генеративната вештачка интелигенција, „Епл“ (Apple) се подготвува за големо враќање со амбициозен сет од нови уреди. Планот вклучува роботи за дома, „живописна“ верзија на Сири (Siri), паметен звучник со дисплеј и целосно нов систем за домашна безбедност. Со ова, компанијата има намера да ја зајакне својата позиција во сферата на паметните домови, да привлече нови корисници и да ја врати репутацијата на иноватор.
Роботи – центарот на новата стратегија
Главната ѕвезда на планот е робот придружник (со кодно име J595), предвиден за 2027 година. Овој уред ќе има екран од околу 7 инчи, монтиран на моторизирана рака што може да се движи и да го следи корисникот низ просторијата. Ќе може да се врти кон соговорникот, да се фокусира на лица за време на фејстајм (FaceTime) разговори и дури да управува со камерата за да покаже различни делови од просторијата.
Прочитај повеќе

Нова гласовна технологија ќе го промени начинот на кој го користите вашиот ајфон
Новата Сири ќе управува со вашиот телефон само со глас - без допир! Дознајте какви новитети ќе донесе гласовната контрола во iOS 26 и што нè чека во иднина од „Епл“...
11.08.2025

Трамп најави 100 отсто царини на чипови, „Епл“ нема да биде опфатен
Целта е да се поттикне враќањето на технолошкото производство во земјата...
07.08.2025
Неговата најголема новост е целосно обновената Сири – верзија способна за природни повеќестрани разговори, предлагање идеи во реално време и паметење претходни интеракции. Сири ќе има и визуелен „лик“, со концепти инспирирани од мемоџи (Memoji) или како анимирано симболче Фајндер (Finder). Идејата е роботот да се однесува како присутен член во собата, кој може да се вклучи во разговори и да помогне во планирање и организирање на задачите.
„Гугл“ веќе подолго време нуди производи со паметен дисплеј
Bloomberg
Харизматик – нов оперативен систем за паметниот дом
И роботот и неговата поевтина верзија – паметен звучник со дисплеј (кодно име J490) – ќе работат на нов оперативен систем наречен Харизматик (Charismatic). Системот е дизајниран за повеќе корисници, со автоматска персонализација врз основа на препознавање лица преку предната камера. Интерфејсот се базира на часовници, виџети и гласовни команди, со минимално користење на класичните менија.
Дизајнот на звучникот потсетува на „гугл нест хаб“ (Google Nest Hub) – квадратен екран со тенки рамки, поставен на полукружна основа со звучници. Уредот ќе овозможува контрола на паметниот дом, музичка репродукција, видеоповици и интернет-пребарување, а планирано е со време да ја добие и новата визуелна Сири.
Линвуд и Гленвуд – новата генерација на Сири
„Епл“ работи на две паралелни верзии на Сири. Линвуд (Linwood) е целосно нов асистент базиран на големи јазични модели, кој ќе има подобро разбирање на контекст и ќе може да користи лични податоци за попрецизни одговори. Гленвуд (Glenwood), пак, тестира надворешни технологии како Клод на „Анторпик“. Сѐ уште нема финална одлука која верзија ќе стане основа, но целта е Сири да биде поконкурентна со ЧетГПТ на „Опен еј-ај“ и Џеминај на „Гугл“.
Новата Сири ќе има и визуелно присуство (Bubbles), што ќе ѝ даде „личност“ и ќе ја направи поинтерактивна, со можност за постојана комуникација во текот на денот.

Домашна безбедност од „Епл“
Проектот J450 е батериска домашна камера со препознавање лица и инфрацрвени сензори. Ќе може автоматски да извршува задачи – како исклучување светла кога нема никој во собата или пуштање музика што ја сака конкретен корисник. Камерите ќе бидат дел од поширок безбедносен систем, кој вклучува и паметни ѕвона со препознавање лица. Целта е директна конкуренција на „амазон ринг“ (Amazon Ring) и „гугл нест“ (Google Nest), но со тесна интеграција во екосистемот на „Епл“ и ајклауд+ (iCloud+).
Поглед кон иднината
Покрај паметниот дом, „Епл“ подготвува потенки ајфони со нов дизајн, паметни очила, телефон на преклопување, уред што е комбинација од мекбук (MacBook) и ајпад (iPad), како и нова верзија на хедсетот N100. Со овие потези, компанијата се обидува да ја забрза продажбата и да покаже дека и понатаму може да изненадува со иновации.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...