text size
„Опен еј-ај“ (OpenAI) го подготвува својот прв хардверски производ - пренослив паметен звучник без екран, кој компанијата го замислува како нов вид домашен компјутер во ерата на вештачката интелигенција. Според извори запознаени со проектот, уредот е дизајниран да биде повеќе од обичен паметен звучник - дигитален придружник кој ќе комуницира со корисникот на природен начин, ќе ги предвидува неговите потреби и ќе му помага во секојдневните активности.