Компании

Германската криза ги става под ризик нарачките од Македонија

Автор: Наташа Хаџиспиркоска Стефанова

28. Јули 2022, 18:47

Германија е најголем трговски партнер на Македонија

Најголем дел од странските инвестиции во земјава се во автомобилскиот сектор

Германската криза ги става под ризик нарачките од Македонија

Bloomberg

Наташа Хаџиспиркоска Стефанова

Недостигот на руски гас ја турка Германија кон рецесија. Неделава беа објавени два извештаи кои покажуваат дека бизнис секторот во најголемата европска економија очекува полоши времиња.

Институтот ИФО со седиште во Минхен објави дека бизнис довербата во земјата падна на најлошо ниво после раните месеци на пандемијата  поради зголемената загриженост дека рекордната инфлација и ограничените резерви на енергија од Русија ќе ја доведат најголемата европска економија во пад.

„Германија е на работ на рецесија“, посочи претседателот на Ifo, Клеменс Фуест.

„Високите цени на енергијата и заканата од недостиг на гас тежат врз економијата. Компаниите очекуваат значително полоша деловна активност во наредните месеци“, додаде тој.

Мерачот на активноста во приватниот сектор на S&P Global сигнализираше дека економијата почна да се намалува во јули, за првпат годинава. Земјата за прв пат во 30 години годинава забележа и трговски дефицит. А во последниот извештај и Меѓународниот монетарен Фонд (ММФ) гледа знаци на рецесија.

Според тој извештај, прогнозите за раст на германската економија се намалени за 1,2 отсто за годинава, и 0.8 отсто во 2023 .

Бројот на регистрирани возила годинава најнизок од 1996 година

Една од носечките индустрии во Германија, а која е особено важна за Македонија е автомобилската индустрија. Виктор Мизо, генерален директор на една од најголемите германски инвестиции во земјава од автомобилскиот сектор, за Блумберг Адриа вели дека за половина година автомобилската индустрија во Европа забележа пад на бројот на регстрирани возила за 17 отсто што е рекорд по 1996 година.

„Дополнително, јуни беше дванаесетти месец по ред на намалување на продажбата на возила во Европа споредено со претходната година. Според анализата на LMC Automotive, од јануари годинава продажбите во западна Европа беа планирани со раст од 9 отсто споредено со лани, а последните прогнози се дека ќе бележат намалување од 7,4 отсто  или на околу 9,8 милиони возила што е една третина помалку од бројот на продадени возила во пред пандемиската 2019 година“, вели Мизо.

Освен проблемите со снабдувањето со гас и повисоките производствени трошоци, автомобилскиот сектор и натаму ги чувствува ефектите од војната во Украина, како и проблемите со синџирите за снабдување заради рестриктивните ковид мерки во Кина.

„На сето ова мора да се додаде и состојбата со инфлацијата“, вели Мизо, „и покрај потребата за замена на старите и купување нови возила, зголемените цени и каматни стапки влијаат негативно на сентиментот на потрошувачите. Дел од нив купуваат користени возила или ја пролонгираат одлуката за купување ново возило“, вели директорот на Костал.

Ефектот врз Македонија – нарачките се несигурни

Каков ќе биде ефектот во Македонија од ваквата состојба во автомобилскиот сектор? Во фабриките во земјава кои работат како добавувачи за гигантите вработени се над 30.000 луѓе и тие се носечки столб на извозот.  Војната во Украина делумно позитивно влијаеше затоа што дел од компаниите кои работеа во Украина го префрлија производство во земјава што придонесе за раст на бројот на вработени кај неколку трудоинтензивни фабрики. Но, од друга страна, наредниот период носи ризик.

„Постои несигурност за нарачките од нашите европски клиенти во претстојниот период. За премиум возилата кои генерираат најголема профитна маржа постои голема побарувачка, но побарувачката на пониските класи возила е под влијание на економските состојби. Не треба да заборавиме дека се уште е присутен проблемот со недостиг на чипови кој ќе трае до 2024 година“, објаснува Мизо.

Bloomberg Adria
 

Дополнителен ризик за компаниите во земјава се најавените преговори во септември меѓу работодавачите од автомоблскиот сектор и синдикатите.

„Зголемувањето на платите од осум отсто кое го бараат синдикатите нема да доведе до брза и лесна спогодба со индустриските компании. Колку се подолги и потешки преговорите, толку се поголеми изгледите за прекини во работата што допилнително негативно ќе влијае на автомобилскиот сектор“, вели Мизо.

Во вакви услови, кога и Германија и Европа, но и регионот се подготвуваат за зимата,се поставува прашањето дали македонските власти исто така преземаат мерки за да го одржат во кондиција важниот автомобилски сектор, констатира генералниот директор на Костал.

 

КОСТАЛ Македонија
Компании

КОСТАЛ Македонија

КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА е една од водечките компании на глобално ниво за производство на електронски и мехатронски компоненти за автомобилската индустриј

27.06.2022

Сите новости од рубриката Анализа

Алкалоид АД Скопје
Компании

Алкалоид АД Скопје

„Алкалоид“ AД Скопје е компанија која работи на производство на лекови, преработка на билни суровини и на производство на козметички и на хемиски производи.

28.06.2022

КОСТАЛ Македонија
Компании

КОСТАЛ Македонија

КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА е една од водечките компании на глобално ниво за производство на електронски и мехатронски компоненти за автомобилската индустриј

27.06.2022

Анализа

сите новости од рубриката Анализа