text size
Најмалку 300 нови вработувања и 50 милиони евра во опрема и нови технологии предвидува новиот инвестициски циклус на „Костал Македонија“, кој ќе почне во јули годинава, а предвидено е да трае до крајот на 2026 година. Тоа го соопштија на денешната средба со новинарите генералниот менаџер на компанијата Виктор Мизо, главниот оперативен директор на „Костал аутомотив“ и претседател на „Костал“ за Европа, Хансјоерг Херман, и Кристијан Клајн, извршен потпретседател за човечки ресурси во групацијата.