text size
Кредитната активност во регионот Адрија е во позитивната зона кога станува збор за годишниот раст, но во повеќето случаи тaa забави во втората половина од 2022 година. И покрај заострувањето на монетарните политики, зголемувањето на банкарските каматни стапки сè уште треба целосно да се материјализира. Поради тоа, побарувачката за одредени кредитни категории сè уште е силна. Кога е во прашање кредитирањето на домаќинствата, во Словенија, Србија и Босна и Херцеговина во текот на втората половина од минатата година стапките на раст достигнаа точка на пресврт, додека во Хрватска и Македонија кредитирањето и натаму се зголемува. Кредитирањето на корпоративниот сектор во Хрватска, Словенија и Македонија забележа двоцифрени стапки на раст, додека во остатокот од регионот растеше со побавно темпо. Повисоките трошоци ја поттикнаа кредитната активност, која првично беше поддржана од процутот на економската активност, додека растот на каматните стапки и перцепцијата за забавување на глобалната економија (и послабата странска побарувачка) дејствуваа во спротивна насока.