Главниот аналитичар на ББА: Техничка рецесија во 2023 година
Автор: Владимир Николоски
14 јули 2022, 16:10
Падот на светските берзи е јасен сигнал од инвеститорите
Ако има рецесија надвор, ќе има рецесија и во регионот Адрија
Bloomberg Adria
На падот на вредноста на акциите на светските берзи треба да се гледа како на прозорец кон иднината низ кој може да се види дека најголемите инвеститори во светот сметаат дека во 2023 година ќе има техничка рецесија во повеќе држави, вели Андреј Кнез, главен економски аналитичар на „Блумберг Адрија“ во интервју за нашата телевизија.
Во однос на очекувањата за рецесија во земјите од регионот Адрија, тој вели дека тоа главно ќе зависи од економската активност во Европа и во светот. Според него, годинава не треба да се очекува рецесија во регионот, но дека е извесно дека тоа ќе се случи следната година. Една од главните причини за остварување на ваквото сценарио е пролонгирањето на геополитичките тензии и војната во Украина.
Во интервјуто, тој зборува и за приемот на Хрватска во еврозоната, како и за рекордната инфлација во светот и во регионот.
Повеќето релевантни економски институции - Светската банка, ММФ, Европската комисија и водечките инвестициски банки - ги намалија своите прогнози за раст на светските економии за оваа година.
Поволните цени на природниот гас и зачуваната побарувачка во потрошувачкиот сегмент се клучни фактори што ја поддржуваат ЕБИТДА на ниво на групацијата.
Очекувањата за првиот квартал, но и за целата 2025 година, се продолжување на оптичката покриеност и најдобро искористување на 93 проценти покриеност со 5Г технологија.