text size
Околу 7,625 проценти се движи каматата на аукцијата за деветтата еврообврзница што денеска ја одржува Македонија, според „Блумберг“. Тоа би било зголемување во однос на каматата од 6,5 проценти што беше постигната на аукцијата за четиригодишната еврообврзница минатиот месец, која потоа поради техничка пречка беше повлечена.