text size
Иако регистрираната стапка на невработеност во Македонија и во регионот се намалува, поседувањето една работа и стабилна плата повеќе не гарантира финансиска сигурност. Во време кога инфлацијата и непредвидливите економски шокови стануваат вообичаени, а вештачката интелигенција фундаментално ја менува вредноста на вештините на пазарот на трудот, сè повеќе работници се свртуваат или барем размислуваат за дополнителни извори на приход.