text size
Претставници на Американската амбасада во земјава денеска на Универзитетот во Тетово презентираа програми за студирање и професионален развој во Соединетите Американски Држави. Претставени беа повеќе видови стипендии што ги нуди амбасадата, со посебен фокус на студентските програми „Фулбрајт“ за постдокторски студии и „Хуберт Хамфри“ за професионалци.