text size
Укинувањето на канцелариите и преминувањето на целосна работа оддома нема да се случи во регионот Адрија, а според експертите мали се шансите тоа да се случи и во Европа. Исто така истражувањата покажаа дека многу луѓе веруваат дека работата оддома има негативно влијание врз нивниот напредок во кариерата. Од друга страна, многу вработени тврдат дека се попродуктивни оддома, додека газдите на некои големи компании известуваат дека работниците од далечина уживаат во помал обем на работа.