„Гранит“ АД Скопје преку Македонската берза информира дека претседателот на Управниот одбор, Страшо Милковски се стекнал со 17.868 акции од компанијата.
„Блумберг Адриа“ веќе објави дека во четири блок-трансакции со вкупна вредност од 35,4 милиони денари или околу 575.000 евра минатата недела на Македонската берза беа истргувани 24.653 акции од градежната компанија „Гранит“. Акциите се продадоа по цени од 1.360 до 1.490 денари за акција.
Според податоците на Централниот депозитар за хартии од вредност, заклучно со 26 септември, годинава, најголеми поединечни акционери во „Гранит“ се Ивана Милковска-Симева со сопственост на 8,84 проценти од вкупниот број акции, Зоран Милковски, кој поседува 8,67 проценти од акциите, ГД „Гранит“ (9,81 проценти) и Отворениот задолжителен пензиски фонд „Сава пензиски фонд“ (7,51 проценти).
Прочитај повеќе
Продадени големи блокови акции од ‚Гранит‘ за 575.000 евра
Во четири блок-трансакции истргувани 24.653 акции од градежната компанија
26.09.2022
Продадени големи блокови акции од ‚Гранит‘ и ‚ТТК Банка‘
Четири милионски блок трансакции на берзата минатата недела
19.09.2022