text size
Сојузната судијка Арасели Мартинез-Олгин привремено го запре преземањето на компанијата „Ворнер Брос. Дискавери“, вредно 110 милијарди долари, од страна на „Парамаунт Скајденс“, оценувајќи дека таа трансакција најверојатно би ги прекршила американските антимонополски закони. Судијката во понеделникот им наложи на компаниите за 14 дена да го одложат финализирањето на договорот.
„Парамаунт“ и „Ворнер Брос.“ планираа трансакцијата да ја завршат веќе на 22 јули.
Калифорнија и уште 11 сојузни држави на 13 јули поднесоа тужба со која бараат блокирање на ова гигантско холивудско спојување. Според наводите во тужбата, спојувањето на две од петте најголеми филмски компании би ја загрозило конкуренцијата во дистрибуцијата на филмови и кабелската телевизија.
Прочитај повеќе
Акционерите на „Ворнер Брос“ го одобрија спојувањето со „Парамаунт“ вредно 110 милијарди долари
Акционерите треба да добијат 31 долар во готово за секоја акција од обичните акции на „Ворнер Брос“.
23.04.2026
„Нетфликс“ ја напушти трката за „Ворнер Брос“, „Парамаунт“ го купува студиото за 111 милијарди долари
По повеќемесечна жестока битка во Холивуд, „Нетфликс“ се откажа од наддавањето. „Парамаунт“ е победникот во трката за „Ворнер Брос“, го купува за 111 милијарди долари.
27.02.2026
„Парамаунт“ достави повисока понуда за „Ворнер Брос“
„Парамаунт“ ја зголемува понудата за купување на „Ворнер Брос“. Кој ќе победи во медиумската битка со „Нетфликс“?
24.02.2026
Се вжештува битката за „Ворнер Брос“, стигна понуда за купување поддржана од зетот на Трамп
Семејството на милијардерот Лари Елисон и зетот на Трамп стојат зад агресивната контрапонуда што ја направи „Парамаунт“. Но дали „Нетфликс“ е подготвен лесно да се предаде?
09.12.2025
Судот закажа ново рочиште за 3 август, на кое ќе одлучува дали привремената забрана треба да биде продолжена до завршување на судската постапка, кога ќе се утврдува дали спојувањето е незаконско според сојузните антимонополски прописи.
Калифорнија бара судењето да започне во април 2027 година. Од друга страна, „Парамаунт“ побара одлуката за привремената мерка да биде донесена пред 30 септември, кога според договорот ќе почне да му плаќа на „Ворнер“ надомест од седум милиони долари дневно сè додека трансакцијата не биде завршена.
Судијката смета дека сојузните држави убедливо покажале дека постои основ за сомневање дека спојувањето би можело да ги прекрши антимонополските прописи.
„Ова е важна прва победа во нашиот случај, која би можела да спречи ова мега-спојување да биде реализирано“, изјави државниот обвинител на Калифорнија, Роб Бонта.
По објавувањето на одлуката, акциите на „Парамаунт“ паднаа за 2,2 отсто, додека акциите на „Ворнер“ изгубија 1,5 отсто од својата вредност.
Според наводите во тужбата, обединетата компанија би контролирала 27 отсто од пазарот на филмови со широка кино-дистрибуција, како и повеќе од 30 отсто од планираните блокбастери. По спојувањето, повеќе од 90 отсто од тој пазар би бил во рацете на само четири компании - новата групација, „Волт Дизни“, „Јуниверзал“ и „Сони Пикчерс Ентертејнмент“.
Во образложението на одлуката, судијката наведе дека тужителите изнеле „убедливи докази“ дека обединетата компанија би имала многу голем пазарен удел, што само по себе претставува основ за претпоставка дека спојувањето би можело да ги прекрши антимонополските прописи.
Според договорот, „Парамаунт“ има рок до 4 јуни 2027 година да ја заврши трансакцијата, но од 30 септември ќе мора да му плаќа на „Ворнер“ по седум милиони долари дневно сè додека договорот не биде финализиран.
Компанијата тврди дека спојувањето ќе ѝ овозможи поуспешно да им конкурира на технолошките гиганти како „Амазон“ и „Нетфликс“ на пазарот на стриминг, кој забрзано се развива. Исто така, вети дека секоја година ќе прикажува најмалку 30 филмови во кината, но државите што ја оспоруваат трансакцијата сметаат дека тоа ветување не е доволно уверливо.
„Парамаунт“ постигна договор за купување на „Ворнер Брос.“ во февруари, победувајќи го „Нетфликс“ во повеќемесечно наддавање. Со спојувањето би настанала медиумска групација која би ги обединила филмските франшизи како „Казабланка“, „Хари Потер“ и „Невозможна мисија“, информативните мрежи Си-ен-ен и Си-би-ес, стриминг-сервисот „ХБО Макс“ и десетици кабелски телевизиски канали.