text size
Наддавањето за преземање на австриската „Адико банка“ (Addiko Bank AG) влезе во завршна фаза со јасна предност на виенската „Рајфајзен“ (Raiffeisen Bank International / RBI). „Рајфајзен“ објави дека заклучно со петок, 24 јули, во 9 часот, за нејзината понуда пристигнале изјави за прифаќање за вкупно 10.720.331 акција, што претставува 55,58 проценти од акциите што се предмет на понудата.