text size
Климе Попоски е назначен за претседател на Управниот одбор на „Винер - Виена иншуренс груп“ АД Скопје. По предлог од Надзорниот одбор на „Виена иншуренс груп“ (ВИГ) од Виена, Австрија, и по добиена согласност од Агенцијата за супервизија на осигурувањето, Попоски ја презеде функцијата генерален директор на оваа осигурителна компанија.