text size
„Македонски телеком“ објави дека приходите од продажба во првото тримесечје годинава изнесуваат 2,9 милијарди денари, или над 47,1 милиони евра, што претставува раст од 3,7 проценти споредено со истиот период од претходната година. За таквите резултати најмногу придонесува зголемениот број на корисници. Имено, компанијата сега има за 3,3 отсто повеќе корисници во однос на првите три месеци од минатата година. Тоа резултираше со раст на приходите од мобилните услуги за 5,8 проценти на годишно ниво. Ги анализираме резултатите на компанијата во првите три месеци годинава.