text size
Работата од далечина се заканува да избрише 800 милијарди долари од вредноста на комерцијалните недвижности во големите градови, се проценува дека ова би бил огромен губиток на сопствениците на недвижностите поради промените во начинот на кој се работи како резултат на пандемијата. Според извештајот објавен на Глобалниот институт “МцKинси“ (McKinsey), промената кон хибриден начин на работа доведе до видлив пад на потребата за канцеларии, односно зголемување на слободниот деловен простор.