text size
Компанијата „Спотифај“ (Spotify Technology SA0) планира да ја зголеми месечната претплата за еден долар. На оваа верзија на апликацијата за стриминг на музика нема да има реклами. Засега не е одреден датумот за зголемување на цените (по што цената на пакетот ќе биде помала од 11 долари месечно), но тоа би можело да биде објавено уште следната недела, вели извор за „Блумберг“ запознаен со плановите на компанијата.