text size
„Алкалоид“ АД Скопје во периодот јануари-јуни 2023 година оствари единечна нето-добивка од 814.787.000 денари (13,2 милиони евра), што е зголемување од 19 проценти во однос на истиот период минатата година, соопшти компанијата преку Македонската берза. Остварената консолидирана нето-добивка во 2023 година изнесува 773.414.000 денари (12,5 милиони евра) и исто така бележи зголемување од 19 проценти.