text size
„Алкалоид“ АД Скопје во првата половина од годинава оствари консолидирани приходи во износ од 10,8 милијарди денари (176,1 милиони евра), што е раст од три проценти во однос на истиот период минатата година. Компанијата во периодот јануари-јуни 2026 оствари консолидирана нето-добивка од 890,5 милиони денари (14,4 милиони евра), што е зголемување од четири проценти во споредба со остварената во истиот период во 2025 година. Анализата покажува дека „Алкалоид“ бележи благ раст на профитабилноста со оглед на тоа што нето профитната маржа, којашто ни кажува колку точно чист профит останува од секој денар што компанијата го заработила од продажба пораснала од 8,1 проценти во првата половина од 2025 година на 8,2 проценти во првите шест месеци од годинава.