text size
Компанијата „Тесла“ (Tesla Inc.) ги намали цените во Кина вторпат оваа недела, поттикнувајќи загриженост од повторно разгорување на ценовната војна за автомобилите. Производителот на автомобили ја намали цената на својот „модел С“ (Model S) и на спортското возило „модел X“ (Model Х) дури за 70.000 јуани (9.600 долари), на 754.900 јуани и 836.000 јуани, соодветно, се наведува во соопштението на компанијата објавено во средата.