text size
Осигурениците кои имаат дополнително (приватно) здравствено осигурување во јули наплатиле 61,9 милиони денари (над милион евра) за медицински трошоци покриени со нивните полиси за здравствено осигурување. Средствата ги исплатиле девет компании за неживотно осигурување и со нив покриле над 6.500 барања на осигуреници за исплата на медицински трошоци, покажуваат податоците кои до Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) ги доставиле сите 11 осигурителни компании.