text size
Комерцијална банка во периодот јануари-септември годинава оствари добивка во износ од околу три милијарди денари (49,5 милиони евра), што е зголемување за 64,7 проценти во однос на истиот период минатата година кога добивката на банката изнесувала 1,85 милијарди денари (околу 30 милиони евра), покажува неконсолидираниот и неревидиран биланс на успех на банката објавен преку Македонската берза.