„Јунајтед Груп Бугарија“ стекнува сопственост врз друштвото „Вива Корпорејт Бугарија“ и неговите зависни друштва „Булсатком Инвестмент Лимитед“ и „Булсатком“.
„Јунајтед Груп Бугарија“ е во крајна сопственост на фондови советувани од „БЦ Партнерс“, меѓународен инвестициски фонд со седиште во Лондон. „БЦ“ фондовите се исклучиво финансиски инвеститори, т.е. не се вклучени во секојдневното управување на компаниите во кои инвестираат, со кои управуваат сопствени одбори на директори.
„БЦ Партнерс“ има регистрирано присуство во Македонија преку следните индиректно зависни друштва: „Тотал ТВ“, „Дајрект Медиа“ и „Уги Фибер“.
Целните друштва „ВИВА Корпорејт Бугарија“ и „Булсатком Инвестмент Лимитед“ се холдинг друштва. Друштвото „Булсатком“ е телекомуникациски оператор, со седиште во Софија, кој обезбедува услуги за дистрибуција на телевизиски медиумски содржини (првенствено преку сателитски и ај-пи-тв технологии), широкопојасен интернет и фиксна телефонија.
За оваа концентрација на капитал е известена и македонската Комисија за заштита на конкуренцијата.