text size
Претставничка на компанијата „Опен еј-ај“ (OpenAI), Ана Маканџу, која ја врши функцијата потпретседателка за глобални прашања, во порака до вработените наведува дека компанијата „напорно работи“ за да го обедини кадарот што влезе во конфликт. Тоа е напишано во примерок од белешката од претставничката, во која „Блумберг“ имал увид.