text size
Македонските компании можат да се најдат во незавидна ситуација и неподготвени да ги дочекаат обврските за имплементирање на ЕСГ-стандардите (од англиски ESG - environmental, social and governance). Во услови кога ЕСГ-факторите станаа клучни за привлекување инвестиции неминовни за адекватно управување со ризиците и градење долгорочна вредност за компаниите, домашните друштва што не се во можност да фатат чекор со овие трендови ќе се најдат во ситуација да не се конкурентни на домашниот и меѓународниот пазар и може да бидат исфрлени од синџирот на снабдување.