text size
Македонските работници што се дел од капитално финансираното пензиско осигурување односно што се членови на трите задолжителни пензиски фонда можат да бидат задоволни од годинашните текови на пазарот на капитал. Откако високата инфлација ги принуди централните банки низ светот да ги зголемат референтните каматни стапки, се зголемија приносите на државните обврзници во кои е пласиран најголем дел од средствата на домашните задолжителни пензиски фондови. Дополнително, годинава се исплатеа нивните вложувања во странски инвестициски фондови и во акции од гигантски компании како БМВ, „Епл“, „Алфабет“, „Мета“ и други, кои забележаа значителен пораст на вредноста на акциите.