text size
Командитното друштво со акции за транспорт „ОИЛКО “ планира да објави понуда за преземање на најголемата македонска нафтена компанија „Макпетрол“. „ОИЛКО“ во моментов поседува 22,8 проценти од вкупниот број обични акции во „Макпетрол“ и сака да ги презеде останатите акции по цена од 67.001 денар за акција. Акционерите на „ОИЛКО“ за планот за преземање ќе гласаат на седница на Собранието закажана за 20 јануари 2024 година.