text size
Акционерите на „Оилко“ КДА Скопје на последната седница на Собранието одлучија да почне постапката за преземање на „Макпетрол“ АД Скопје. „Оилко“ во моментов поседува 22,8 проценти од вкупниот број обични акции во „Макпетрол“ и сака да ги презеде останатите акции по цена од 67.001 денар за акција. Понудата за преземање се однесува на 72.644 обични акции со право на глас, издадени од ,,Макпетрол“ А.Д. - Скопје, кои не се во сопственост на „Оилко“ и физичките лица кои дејствуваат заеднички со него.