text size
Берзите добија на вредност поради оптимизмот на инвеститорите дека најлошиот пад за оваа година можеби е завршен. Инвеститорите ги поздравија и објавените квартални деловни резултати на компаниите. Сепак, загриженоста за глобална рецесија поради зголемените каматни стапки, енергетските предизвици во Европа, пандемијата на Ковид-19 во Кина и проблемите во секторот на недвижности, останува во позадина.