Групацијата „А1 Телеком Австрија“ соопшти дека заработката пред камати, даноци, депрецијација и амортизација (ЕБИТДА) на нејзината подружница во Македонија се зголемила за 8,5 проценти на годишно ниво во 2023 година, на 48 милиони евра.
Приходите на А1 Македонија пораснале за 7,2 проценти достигнувајќи 152 милиони евра.
Само во четвртиот квартал од годината, ЕБИТДА на „А1 Македонија“ се зголемила за 17,5 проценти на годишно ниво на 12 милиони евра, а вкупните приходи се зголемиле за 9,5 проценти на 41 милион евра.
ЕБИТДА е зголемена за 3,9 проценти во однос на истиот период минатата година
13.07.2023
Автор: Владимир Николоски
„Основните оперативни трошоци во последниот квартал од 2023 година се зголемија главно поради повисоките трошоци за работната сила и за изнајмување на локации, додека трошоците за електрична енергија се намалија поради пониските цени“, соопшти компанијата.
Вашата претплата не може да се зачува. Ве молиме обидете се повторно.
Холандскиот производител на чипови ги разочара инвеститорите објавувајќи скромни договори за нарачки, а акциите потонаа најмногу во последните 26 години.